ЦУК апелира возачите да внимаваат на патиштата поради врнежите и можни одрони

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

ЦУК апелира до граѓаните, кои планираат да патуваат, а и тие што веќе патуваат да бидат внимателни на патиштата, како заради дождот и снегот, така и заради можни одрони.
Дождот што врне на целата територија на државата, на повисокте места премина во снег.

Конкретно, на планините во западните и североисточните делови над 1.000 метри надморска височина врне снег. Одредени патни правци се забранети за тешки товарни возила, како на пример делницата Маврово – Дебар, превојот ,,Стража”, а на делницата од Крива Паланка на околу три до пет километри од пред граничниот премин ,,Деве Баир” е отежнат прооден дел од патот.

Надлежните за магистралните патишта веќе преземаат активности за чистење на критичните точки на повисоките места.

Истовремено да ги следат и информациите на надлжните служби, а и медиумите, коишто за истите критични точки и патни правци ја информираат јавноста.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи