24 годишната Румејса е највисоката жена на светот со висина од 215,16 сантиметри

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Дваесет и четиригодишната Румејса Гелги од Турција е официјално највисоката жена во светот со висина од 215,16 сантиметри.

Румејса го држи Гинисовиот рекорд за нејзината висина што е последица на Синдромот Вивер, што доведува до забрзан раст и други аномалии.

Поради својата висина, обично се движи со помош на инвалидска количка, но може да оди и кратко со помагало.

„Секој недостаток може да се претвори во предност, затоа прифатете се такви какви што сте, бидете свесни за вашиот потенцијал и дајте сѐ од себе“, гласи моќната порака на Румејса.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи