Мирчески: Во недела секој зад параванот да си ја искажиме маката и да ја дефинираме иднината на нашите деца

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Почитувани земјоделци од сите сектори, дојдоа и нашите 5 минути. Јас знам дека нашиот плач засега никој не го слуша, нашиот труд засега никој не го цени, нашата мака засега никој не ја вреднува,а нас не сметаа за проста, необразована, бедна и неважна категорија граѓани на оваа наша напатена Македонија. Велат во своето соопштение од новоформираните здруженија на тутунари.

„Сега е моментот кога нашиот глас е важен и одлучувачки. И Затоа јавно ве повикувам масовно да излеземе на овие избори во недела и да го кажеме нашиот став.

 Ако ни е добро да дадеме поддршка на досегашната политика. Но ако сте незадоволни и мислите дека токму ние земјоделците сме најмногу излажани, изиграни и изманипулирани сега е времето за казна на тие политики.

Затоа што ако сега не им го свртиме вниманието на политичарите тие ќе мислат дека добро работат и ќе продолжат уште појако во тој правец. Затоа во недела секој зад параванот со пенкалото во рака да си ја искажиме маката и да ја дефинираме иднината на нашите деца.

Ако мислите дека добро ви оди и добро ви е НАГРАДЕТЕ. НО ако мислите дека сте само ограбувани, лажени, изманипулирани КАЗНЕТЕ. Зошто само со пенкалото зад параванот ја имате таа можност и само така политичарите можат и мораат да сватат дека треба сериозно да размислат кога носат одлуки за нашиот сектор-земјоделие кој вработува преку 400 илјади луѓе и ја храни цела држава.

И за крај почитувани земјоделци едно мора да ни биде јасно дека нашите деца не заминуваат во туѓина поради туѓите грешки, туку поради нашите лоши одлуки. Од нас самите зависи“, со почит Игор Мирчески координатор на новоформираните тутунски здруженија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи