Радев: Почитувањето на правата на Бугарите во Македонија е предворјето за влез во ЕУ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Претседателот на Бугарија Румен Радев повика на почитување на правата на Бугарите во Република Македонија и посочи дека тоа е предворјето за нејзина интеграција во Европската унија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев ја коментираше и темата за уништените бугарски воени гробишта во Република Македонија. Тој рече дека случајот го истражуваат бугарското Министерство за надворешни работи и Министерството за одбрана и истакна дека, според него, тоа претставува систематски процес на дебугаризација, процес на заживување на уништувањето на бугарското културно-историско наследство во Република Македонија.

„Не случајно го поставив токму ова прашање на Советот во Љубљана. Ова е предворјето на вратата за интеграција на Република Македонија во ЕУ- правата на Бугарите, недискриминација, како и нивна целосна интеграција во културниот, економскиот, општествениот и политичкиот живот на оваа земја. Исклучително е важна нашата поддршка за нивните барања да бидат признаени во Уставот на Република Македонија, и да бидат свечено прогласени од претседателот, владата и парламентот на Република Македонија“, вели Радев.

Бугарија категорично ќе реагира, и повеќе нема да остави ниту еден таков случај, додаде Радев, според кого вистинскиот проблем е дебугаризацијата и дискриминацијата на луѓето со бугарски идентитет во Република Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи