Штрајк на вработените во Македонска пошта поради доцнење на платата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Вработените во Македонска пошта денеска излегоа на штрајк пред компанијата. Излезени се двата синдикати на Македонска пошта, а причините како што велат се многубројни.

Бараат итна средба со менаџментот, по што ќе одлучат што понатаму. Незадоволни се дека половина месец им доцни септемвриската плата, но и од лошите услови за работа и неизвесноста за нивната судбина дали компанијата ќе излезе од финансиската криза.

Директорот на Пошти Јани Макрадули став од компанијата најави по средбата со синдикалците.

„Поводот задоцнувањето на платата, но не само тоа, туку нашиот револт е поради стравување за нашите работни места, поради лошата финансиска состојба на нашата компанија. Сакаме револтот да го изразиме преку овој протест и поради многу лоши услови за работа, а најмногу поради неизвесноста на вработените за иднината на компанијата, односно дали ќе се приватизира или владата и менаџерскиот тим ќе изнајдат начин за компанијата да излезе од оваа ситуација“, вели еден од организраторите на штрајкот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи