ВИДЕО – Балканот и Македонија се сеќаваат на Тоше – 14 години без нашата најголема музичка ѕвезда

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Сеќавања, тага, почит, песни и помешани чувства. Целиот Балкан и Македонија денеска се сеќаваат на Тоше. На денешен ден, пред 14 години, во раните утрински часови во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, загина нашата најголема музичка ѕвезда. По 14 пат во негова чест 8-те маратонци кои тргнаа од Хрватска, денеска околу пладне пристигнаа во Крушево, а од страна на присутните беа пречекани со ружи.

„ Зарем толку помина, зарем толку години сме без него, без човекот кој немаше ниту еден грам лошо во него, човекот кој што беше најголем амбасадор на Република Македонија, насекаде“, вели Наум Капрически, маратонец.

Со нив беше и 69 годишниот Македонец, Ангел Малинов, кој 50 години живее во Загреб.

„Јас само побарав дали можам да бидам соучесник на маратонот. Да се припремам 2 години ми требаа и тука сум, горд“, рече Ангел Малинов, маратонец.

Освен од Македонија имаше дојдено фанови и од Хрватска и од Бугарија кои достојно го продолжуваат делото и аманетот на Тоше, а тоа е да се сакаме сите.

„Мислам дека овој маратон на љубовта е најдлабоката емоција и најголемата љубов која може некој да му ја даде на Тоше, а тоа го прават овие момци. Ние ги пратиме нив сите овие 14 години. И се надеваме дека ќе бидат 26 маратони колку што Тоше имаше години“, истакна Стела Прислав Вуис, фан на Тоше од Хрватска.

 

„Оваа блуза ми е од Тоше Проески, правиме трибјут најт во Благоевград секоја година. Секоја година доаѓаат луѓе и ги пееме песните на Тоше, донираме пари за некое болно дете“, додаде Оксана Рујаноска, фан на Тоше од Бугарија.

 

„Помагаше на сите можни начини, ствараше, твореше, даруваше, неговите дела се бескрајни. Голем хуманист, човек каков што треба секој еден да биде“, вели Ацко Пирганоски, жител на Крушево.

Во повод овој ден во Спомен домот се одржа и изложба на млади креативци од Битола кои создадоа, дела мозаик со песок, уникатна техника, која е реткост во Македонија.

„Целта ни беше да ја промовираме техниката и да создадеме љубопитство и заинтересираност кај децата и сите оние кои се надарени и имаат афинитети према ликовната уметност“,вели Елена Мирческа, дел од организацијата на изложбата.

 

„Во првата фаза се нанесува песокот со мрсната боја, после тоа кога ќе исуши се работи со маслени бои и се доаѓа до финален производ“, истакна Емилија Ѓероска, учесник на изложбата.

Годинава е неговиот Спомен дом одбележува 10 години постоење кој за овој период го посетиле над 700.000 посетители од целиот свет.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи