ВИДЕО- Божиноски: Денеска во Прилеп гласаат 389 болни и изнемоштени, 12 заболени од ковид и 88 лица во затворот и Домот за стари лица


Кратко интервју со претседателот на ОИК Прилеп, Валентин Божиноски.

Што се случува утринава тука во ОИК?

Во моментов се складира избирачкиот материјал, доверлив и недоверлив, во организираниот наш превоз и ќе се дистрибуира во моментов до секој избирачки одбор, нормално каде што има простор да се заклучи. Во моментов избирачките одбори се пред избирачките места, ние ги доставуваме избирачките материјали, а ги примаат тие. Ако тој избирачки материјал има гласачи болни и изнемоштени лица, ги земаат гласачките ливчиња и продолжуваат на терен кај гласачите, ако не го проверуваат избирачкиот материјал, го заклучуваат во соодветната просторија за утре да бидат спремни да го отворат избирачкото место.

Дали оваа година имаме новини во начинот на гласање?

Да, оваа година малку гласањето е поразлично, заради тоа што е воведен уред за гласање, фингерпринтот. Имаме одржано многу обуки на претседателите и замениците претседатели и мислам дека нема да биде многу тешко да се спроведи овој изборен циклус со овој новитет.

Како функционира, може да се објасни тоа?

Тоа е вид на андроид апликација, уредот е поврзан со читач каде откуцува и извештај во моментот кога сакаме да му дадеме наредба, колку гласачи во моментот изгласале, пол, процентуално ја одредува излезноста во моментот на гласачите.

Колку гласачи има, колку избирачки места и дали има промена во однос на тоа за разлика од минатите избори?

За разлика од минатите избори имаме мала промена. До минатиот изборен циклус сме имале 142 избирачки места, а оваа година имаме едно место укинато. Тоа избирачко место беше во село Мало Радобил, по избирачки список таму постоеше само еден жител, па избирачкото место е укинато затоа што од матична евиденција добивме информација дека тоа лице е починато и заради тоа избирачкото место е укинато. Во моментов на гласачки список, заклучен е на 63.436 гласачи од кои 88 гласаат во затвор и во домот за стари лица. Морам да напоменам дека во моментот се отворени тие 2 гласачки места во затвор и во домот на стари лица.

Колку болни имаме и колку од ковид?

Пријавени болни што треба да гласаат денеска се 389, а заболени од ковид 19 се 12 лица. Првично морам да потенцирам дека заболените од ковид 19, додека не изгласаат болните и изнемоштени лица не можат да пристапат, заради тоа што имаме формирано посебен избирачки одбор со специјалисти доктори, кои се испратени од ДИК, па така по завршувањето на гласање за болни и изнемоштени лица избирачките ливчиња се враќаат во избирачките одбори, па тогаш настапува посебниот избирачки одбор кон заболените од ковид 19.

Ова е втора година како гласаме во пандемија, првата беше минатата година за претседателски избори, дали во однос на тој начин има некакви промени со ковид болни, или се е исто?

Иста е процедурата за гласањето на болните, со тоа што минатите избори имаше посебни избирачки одбори формирано за ковид на секој избирачки одбор. Оваа година е различно бидејќи имаме многу малку пријавени заболени од ковид 19 и затоа е само тој еден избирачки одбор формиран од ДИК.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи