ВИДЕО – Јовчески: Сите заедно запишавме нова страница во историјата на Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Потувани сограѓани, почитувани членови, почитувани симпатизери Ви благодарам. Ви благодарам што излеговте на избирачките места и го дадовте вашиот глас за мене како кандидат за градоначалник и за советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, истакна на денешната прес конференција Борче Јовчески.

„Сите заедно денеска запишавме нова страница во историјата на Прилеп. Покажавме дека знаеме и умееме демократски да размислуваме и да го избереме најдоброто за градот, за граѓаните. Ете вака заедно можеме да придонесеме за развојот на Прилеп, за подобро утре во сите сфери во општественото живеење.

За нова иднина, за реализација на проекти, за економски, културен, спортски напредок на мојот, вашиот и наш Прилеп“, истакна Јовчески, новиот градоначалник на Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи