Христоски: Продолжуваме во иста насока, реализација на проекти и решавање проблеми и во наредните 4 години

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print
Граѓаните издвојуваа голема победа. На 17 октомври победи доброто наспроти злото, моралното над неморалнот, напредокот врз назадувањето, рече старо-новиот градоначалник на Крушево, Томе Христоски.
„Се заблагодарувам на сите граѓани на општина Крушево за поддршката. Вашиот глас за мене е позитивен сигнал да продолжиме во иста насока, во насока на реализација на проекти, решавање на проблеми и создавање на уште поотворена и поуслужна локална самоуправа. Победата во прв круг значи голема одговорност во наредните четири години.
Продолжуваме заедно. Нема простор за ништо друго освен за работа. Почитувани граѓани, го избравте најдоброто за вашата иднина.
Крушевчани знаат да ценат и оценат затоа наградуваат се она што значи реализација на проекти и потреби од нивни интерес, како развој на општината , но знаат и да казнат се она што е неморално, не реално, лажно и не домаќинско душмански однесување на општината и кон граѓаните преку уцени, закани и разни притисоци.
Им благодарам на крушевчани и сите граѓани во околните китни села за дадената огромна помош, поддршка и доверба за да продолжиме заедно да реализираме уште многу проекти кои значат живот и развој на општината со уште позасилено темпо.
Ветеното должни сме да го оствариме како во изминатите 4 години, така веднаш од утре, затоа што ние сме слухот на нашите сограѓани“, рече Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи