Вакцинираните со „Синовак“ и „Синофарм“ трета доза може да примат три месеци по втората доза

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Националниот Комитет за имунизација денеска донесе одлука со која препорачува, граѓаните кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на производителите Синовак и Синофарм, трета доза вакцина може да примаат после изминати три месеци од ревакцинација.

Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на производителот Фајзер, а вакцинацијата е без закажан термин на кој било вакцинален пункт во државата. За граѓаните кои примиле друг тип вакцина, Фајзер, Астра Зенека или Спутник В, трета доза вакцина може да примаат после поминати 6 месеци од ревакцинација.

Министерството за здравство апелира граѓаните во што поголем број да се вакцинираат. Вакцините освен што се ефикасни, се исто така безбедни, укажуваме на важноста на вакцинација. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи