Почнува скринингот на учениците за ковид-19, утре први ќе се тестираат средношколците во Скопје

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Утре ќе започне скринингот на учениците во девет средни училишта во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

„Тестирањето на учениците ќе се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето, а тестирањето ќе трае помалку од една минута. Истото е безболно и безбедно, со земање на брис од грло и од носна шуплина“, велат од МЗ.

Од таму додаваат дека целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на вирусот Ковид – 19 помеѓу учениците. Со релевантните податоци, велат од МЗ, ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, во интерес на децата.

Министерството за здравство апелира на безрезервна поддршка од страна на родителите при давање на потребната согласност.

Министерството соопшти дека со скрининг со брзи антигенски тестови ќе бидат опфатени 8.178 ученици во 80 општини и градот Скопје, во рамки на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид-19 во основните и средни училишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи