Предвремена исплата на пензиите и овој месец

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец октомври 2021 година, и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.10.2021 година.

Со овие препораки деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.10.2021 година.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.10.2021 година (вторник);

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.10.2021 година (среда);

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.10.2021 година (четврток); и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.10.2021 година (петок).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи