Заев: Извештајот на ЕК потврдува дека чекориме силно на европскиот пат

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Амбасадорот Гир денеска го предаде извештајот на Европската комисија за прогресот на Македонија, кој во целост го потврдува напредокот на кој посветено работиме, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев.

„Извештајот ја нагласува цврстата и одлучна имплементација на ЕУ реформите особено во клучните области како што се владеење на правото, вклучувајќи ја и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Врз основа на тоа, во извештајот се препорачува итен почеток на преговори за пристап кон членство и прва меѓувладина конференција до крајот на годината за време на Словенечкото претседателство.

ЕК во извештајот потенцира дека реформите се континуиран и долг процес кој не треба да биде прекинат и кој бара посветеност и од опозицијата и од другите делови на општеството.

Извештајот потврдува дека чекориме силно на европскиот пат. Тоа е единствениот пат кој носи европски стандарди и подобар живот“, пишува Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи