Ниту еден од тестираните средношколци нема позитивен тест на ковид-19

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

68 ученици од средното училише „Зеф Љуш Марку“ и 95 од Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ се негативни на Ковид-19, покажало скрининг тестирањето во овие две скопски средни училишта.

Oд МОН предложија три листи по 69 ученици. Од првата листа не добивме согласност од родителите, па потоа од втората или од третата листа ги надокнадивме бројките на ученици. Имаше некои што не се согласуваа и ги почитуваме нивните мислења, но повеќе дадоа согласност и учениците се тестирани и имаат негативен резултат“, вели Ајше Беќировска, специјален едукатор и рехабилитатор во средното училиште „Зеф Љуш Марку“.

Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје-Скопје во изјава пред Медицинското училиште „Панче Караѓозов“ рече дека тоа е второ училиште каде се спроведува скринингот.

„Во првото училиште „Зеф Љуш Марку“ одлично поминавме во однос на организациски аспект, во однос на соработка со децата и одговорните таму и сме презадоволни и се надеваме дека и тука ќе биде така и сите наредните денови на овој начин ќе се одвива. Тоа се брзи скрининг тестови кои се слични тестови до некаде како и тие што земаме брисеви и за коронавирусот. Резултатите се добиваат во рок од три до четири минути.

Не треба да се грижат родителите, да не се мислат, бидејќи тоа се истите брисеви со кои ги носат децата за откривање бактерија на Микробиологија кога ги носат, истите брисеви кои се користат за санитарни прегледи. Така што не е ништо болно. Веќе две години земаме брисеви ниту настанала повреда, ниту рана, значи се тоа е внимателно направено. Во училишето „Зеф Љуш Марку“ немаше позитивен резултат. Нашата екипа е само во овие две училишта,“ додаде Јанкуловски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи