Режисерот на „Squid game“ вели дека изгубил 6 заби за време на снимањето поради стрес

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Хуанг Донг-Хјук ја создаде, напиша и режираше ТВ серијата „Игра со лигњи“ на Нетфликс.

За време на неодамнешното интервју за „Холивуд репортер“, Хванг Донг-Хјук откри за огромниот притисок што го чувствувал додека се снимала корејската серија.

„Да, мислам, како што рековте, ова беше серија со девет епизоди и јас бев единствениот што ги пишуваше сценаријата и ја режираше целата работа, така што тоа беше навистина физички, ментално, емоционално предизвикувачка задача“, Хуанг, изјави за THR.

„И приказната нема баш наједноставен концепт, така што додека снимавме ми доаѓаа нови идеи, или гледав недостатоци за кои сметав дека треба да се поправат, така што, всушност, го ревидирав сценариото како што се снимаше серијата“, додава тој.

Хуванг призна дека менталниот стрес предизвикува физички реакции.

„Значи, тоа е делумно зошто имав огромен стрес, што доведе до тоа да изгубам шест заби за време на производството, што го спомнав во некои други интервјуа“, рече Хванг.

Од својата премиера на Нетфликс, „Squid Game“ ја привлече публиката од целиот свет и брзо стана најгледаната серија. На 12 октомври, Нетфликс објави на Твитер дека серијата достигнала 111 милиони гледачи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи