На денешен ден во Ореовец е роден народниот херој Мирче Ацев

На денешен ден 1915 година во Ореовец (Прилепско) е роден народниот херој Мирче Ацев.

Мирче Ацев (Ореовец, 20 октомври 1915 – Скопје 4 јануари 1943) — македонски комунист, учесник во НОВ. Бил член на Покраинскиот комитет на КПЈ на Македонија од 1941 година и член на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. Бил прогласен за народен херој на Југославија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Стеван Наумов – Стив, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски – Карпош и Кузман Јосифовски – Питу).

Мирче Ацев е израснат во револуционерно семејство и неговите предци во неколку генерации дале борци за националното ослободување на македонскиот народ. Името го добил по стрико му Мирче Ацев, војвода од времето на османлиското владеење во Македонија. Неговата сестра Вера Ацева исто така учествувала во НОВ и била прогласена за народен херој.

Во чест на Мирче Ацев, првиот баталјон на Народноослободителната војска на Македонија, формиран на 18 јули 1943 година, го доби неговото име. Во негова чест и во чест на Пинџур се испеани песните „Ајде ќе те прашам, бре Донке“ и „Вардаре горд, подзапри“.

Во негова чест, неколку училишта го носат неговото име: едно основно училиште во Скопје и основното училиште во селото Лажани, Општина Долнени, а порано и основното училиште во селото Лисичани, Општина Пласница. Културно-уметничкото друштво за народни песни, игри и ора од Скопје исто така го носи неговото име.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи