Вчера над 1.000 граѓани примиле трета, „бустер“ доза против ковид

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Досега 2.365 граѓани примиле дополнителна – трета доза за заштита од Ковид-19.

Националниот комитет за имунизација препорача граѓаните кои се вакцинирани со „Синовак“ и „Синофарм“, да примат трета доза од Фајзер три месеци по вакцинирањето.

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286 се ревакцинирани, а 1.068 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 20 октомври вкупно се вакцинирани 800.357 граѓани, ревакцинирани се 766.521 а трета доза примиле 2.365 граѓани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи