СЗО предупредува: Пандемијата на ковид-19 ќе трае и во 2022 година ако богатите земји не помогнат на сиромашните

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Пандемијата предизвикана од ковид-19 ќе трае и во текот на 2022 година поради ниската стапка на имунизација во сиромашните земји, предупредува Светската здравствена организација (СЗО).

Високиот претставник на СЗО, Брус Ејлворд, вели дека поради фактот што сиромашните земји не добиваат доволно вакцини, пандемијата на ковид-19 може да продолжи и во 2022 година.

Тој апелираше до богатите земји да се солидаризираат со сиромашните земји и да им се овозможи да набават вакцини.

„Можам да кажам дека не сме на правиот пат. Навистина мораме да го забрзаме процесот на вакцинација. Во спротивно, оваа пандемија ќе трае една година подолго отколку што се проценува“, вели Ејлворд.

Невладините организации тврдат дека, во споредба со богатите земји, во сиромашните во просек стигнува само една од седум дози од вакцината.

На африканскиот континент вакцинирани се помалку од 5 отсто од популацијата, а на останатите континенти процентот на вакцинација надминува 40 отсто.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи