Комисијата за заразни болести ќе дискутира за мерката за неопходност да се примат две дози вакцини против Ковид-19

Facebook
Twitter
Email
Print


На следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе биде дискутирана оваа мерка за неопходност од тоа да се има две дози вакцини, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

„Целта на најавата пред три до четири недели беше токму тоа да имаат предвид граѓаните и да имаат време да примат две вакцини од тој момент и најавивме дека ќе биде за некаде крајот на месец октомври или месец ноември, така што очекувам таа дискусија да се одвива на следниот состанок на Комисијата и да заземат став епидемиолозите во однос на тоа“, рече Филипче.

Очигледно е, потенцира министерот, дека огромен е процентот на заболени кои се невакцинирани и сега вирусот се шири значајно меѓу невакцинираните граѓани.

„За жал се намали значајно интересот за вакцинација. Стигнавме до некаде 800 илјади граѓани кои се вакцинирани со најмалку една доза, од нив 760 ревакцинирани, меѓутоа високиот процент докажува дека болниците ги полнат само невакцинирани граѓани. И затоа апелирам да се вакцинираат сите, мора да го заштитат здравјето, мораме постепено да ги враќаме сите процеси во нормала и исто така е еднакво важно да го заштитиме здравствениот систем. Се уште има одделенија кои се Ковид-центри, не работат со основната дејност, се уште има систем на ротација. Во ситуација кога има вакцини на располагање сметам дека тоа не треба да биде сценарио и треба да се граѓаните свесни и да се заштитат себеси и да ги заштитиме здравствените капацитети и секако кадарот кој работи во делот на своите специјалности“, вели Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи