35 Авганистанци кои привремено престојуваа во Македонија заминаа за Грција

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Македонија денеска заминаа за Грција која им обезбеди трајно прибежиште.

„Групата ја сочинуваат активисти за човекови права и женски права и членови на нивни семејства. Во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште како дел од големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во земјата“, велат од македонската Влада.

Во Македонија престојуваат 407 граѓани од Авганистан.

„Институциите, во текот на нивниот престој им ја пружаат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации“, велат од Владата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи