Бочварски очекува до крајот на годинава да биде готово предлог решението за новиот закон за градење

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денес на стручната расправа за новиот предлог-закон за градење, во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски истакна дека очекува до крајот на годинава да имаат предлог за новиот закон за градење.

Министерот порача дека со предлогот на законот за градење ќе се овозможи и стимулира просторниот и економски развој, ќе се стимулира инвестирањето во градењето, ќе се зајакне улогата на стручната јавност и правата на странките, но и ќе се овозможи разрешување на голем број наталожени проблеми кои постојано се јавуваат во оваа област.

„Со оглед на тоа дека постојниот закон е менуван преку 30-на пати и е многу често кочница за развојот на општините и на државата, се определивме да креираме целосно нов закон за градење кој ќе има за цел да ги забрза процедурите и да го стимулира просторниот и економскиот развој на државата“, рече Бочварски.

Образложи дека со новиот предлог закон се обезбедува поголема општа и оперативна ефикасност на системот за уредување и контрола на просторниот развој и градењето. Се дефинира статусот, посветеноста, поставеноста на правата и обврските на учесниците во градбата, а за првпат се уредени и сите видови акти за градење што ги регулираат сите видови градби. Со него, како што рече, се регулира целосно процесот на градење патишта, водоводи, железници, ветерници, градски улици, канализација и се она што се гради во државава.

„Без овој закон нема развој и нема одење напред, нема движење напред на државата, посочи Бочварски, додавајќи дека со ова законско решение ќе се зајакне и надзорот над градењето со тоа што општинските инспектори стануваат дел од државниот инспекторат за урбанизам и градежништво преку оформување на регионални подрачни единици“, вели Бочварски.

Тој дополни дека ќе се скратат постапките за издавање на актите за градење со воведување на обединета постапка за сите видови на акти за градење.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи