Димитров: Политиката на Бугарија со вето е инвестиција во правење непријателство

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во гостување во Дневникот на ТВ Сител вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров вели дека сегашната политика на Бугарија со вето, притисок и уцена создава негативен амбиент и е инвестиција во антагонизам и правење непријателство, а не пријателство.

„Кога вие на вашиот комшија ќе му кажете дека сте резултат на етнички инженеринг или вашиот јазик не е јазик, се разбира дека ќе има револт. Договорот за пријателство во Преамбулата вели дека ќе ги развиваме односите врз основа на заемна почит и разбирање, рече Димитров.

Лошо е за нас, рече, но и за самата Европска унија и за довербата во Унијата, а со тоа и влијанието во еден важен регион за Европа – Западниот Балкан.

„Ние ги исполнивме критериумите, подготвени сме, дури и поподготвени за членство од земјите кои се во пристапниот процес за дел од кластерите. Ние испорачавме, но ЕУ не испорача кон нас. Мислам дека е време да не ја критикуваме целата ЕУ, бидејќи има држави кои отворено и многу силно ни даваат поддршка. Имаме проблем со една земја“,  вели Димитров.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи