Ковачевски: Цената на струјата за домаќинствата нема да се менува

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


АД ЕСМ има стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата и цената на струјата за домаќинствата нема да се менува, соопшти денеска генералниот директор на претпријатието, Васко Ковачевски.

„АД ЕСМ има стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата и цената на струјата за домаќинствата нема да се менува.

АД ЕСМ го засили ископот на јаглен во РЕК Битола и РЕК Осломеј заради стабилно производство на електрична енергија за домаќинставата, и го оптимизира производството во хидроелектраните, гасната и ветерната електрана.

Компанијата во целост ги испорачува потребните количините електрична енергија кон универзалнот снабдувач за домаќинствата ЕВН Хоум.

По одредени написи во дел од медиумите-уште еднаш потенцираме дека набавката на јаглен, која ја спроведуваме по препорака на Владата, а во соработка со стопанската комора, заради високите цени на берзите во регионот и во Европа, е исклучиво за потребите на отворениот пазар, односно стопанството и институциите, со цел тие да се снабдат со електрична енергија по цени пониски од моменталните цени на берзите.

Во текот на наредните денови ќе склучиме договор за набавка на јаглен за РЕК Осломеј за негова континуирана работа од декември до април 2022 година.

За РЕК Битола повторно е распишан повик со цел да се добие поголема количина на јаглен, со поволна цена која ќе има економска оправданост.

Истовремено, се прават координации со ТЕЦ Неготино за стартување на оваа термоелектрана, и доколку се обезбеди мазут истата ќе се стави во функција.

Потенцираме, електрична енергија за домаќинствата има, цената останува иста”,

АД ЕСМ

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи