Министрите за одбрана на НАТО ги усвоија целите на способности за Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министрите за одбрана на 30-те земји – членки на Алијансата за време на дводневните состаноци на Северноатлантскиот совет ги усвоија целите на способности за Македонија, за првпат по членството на нашата земја во Алијансата.

Целите на способности го покажуваат правецот во кој ќе се развиваат силите и капацитетите на НАТО-армиите. Тие се дел од планирачкиот процес на Алијансата и земјите – членки и нивна основна задача е да ја зацврстат колективната одбрана на НАТО. Овој процес овозможува земјите – членки меѓусебно да се поддржуваат и помагаат во справувањето со идните предизвици, особено имајќи предвид дека секоја земја развива специфични капацитети, кои заедно ја прават Алијансата поцврста и поспремна да ја гарантира безбедноста и стабилноста на евроатлантската област.

„Ова е членството во НАТО. Кога со американскиот секретар за одбрана и генералниот секретар на НАТО можеме заеднички да одлучуваме за структурата на Алијансата и најдобрите политики за гаранција на безбедноста и просперитетот на сите 30 земји членки, меѓу кои и Македонија“, објави синоќа министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која овие два дена учествува на првиот физички министерски состанок на НАТО Алијансата.

Пред почетокот на состаноците на Северноатлантскиот совет, министерката Радмила Шекеринска учествуваше на церемонијата за именување на централната раскрсница во Врховната команда на сојузничките сили во Монс – „Скопје“, со што нашиот главен град се приклучи на традицијата на именување на улици во оваа Команда според НАТО престолнините.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи