Османи: МНР никогаш не вршело притисок врз одлуките на историската комисија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Шефот на дипломатијата Бујар Османи, денеска на прес-конференција, прашан за оставката на членот на Комисијата, рече дека МНР никогаш не вршело притисок по однос на содржината на разговорите и одлуките што ги носат членовите на Комисијата за историско-образовни прашања со Република Бугарија.

„Министерството за надворешни работи е координатор и го води процесот на разговори со Република Бугарија и го води разговорот со соодветните институции за имплементирање на Договорот за добрососедство од 2017 година. Во однос на работата на експертите на Комисијата за историски  и образовни прашања, МНР, конкретно, логистички ја поддржува Комисијата и затоа состанокот се одржува овде во МНР, за што Комисијата има потпишано и договор, и, оттука, тоа е односот на МНР кон Комисијата. Но никогаш по однос на содржината на делокругот на работата, во однос на динамиката и во однос на формата – одговори денеска министерот Османи на новинарско прашање по оставката на членот на Комисијата Ванчо Ѓорѓиев, кој денеска, меѓу другото,  соопшти дека „Во последно време имаше отворени обиди за политичко влијание врз работата на Комисијата што кулминираше во текот на првиот работен ден  (21.10.2021 година) на  XV редовна средба преку директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР“.

Министерот нагласува дека темата вчера била за Самоил, чиј текст е веќе договорен пред една година, но прашањето било кој текст и дали тој текст да се препорача како насока за учебниците.

„Тоа е за прашање кое е апсолвирано уште минатата година, со заеднички  наратив и немаше ништо ново околу ова за да се појави политички притисок, или пак да има причини за политизирање на Комисијата, во овој сегашен предизборен контекст. За жал,  нема ништо договорено вчера и тоа е она што повеќе ме вознемирува отколку тоа дали еден член дал оставка, бидејќи  немало проблем, а имало договор за ова прашање“,  додаде Османи.

Тој истакна дека за него е најважно Комисијата да продолжи со работа. За него, како што рече, повеќе загрижува фактот што нема напредок на состанокот, „отколку тоа дали еден член поради различни причини се повлекол“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи