ОЈО Прилеп: Притвор за лицето кое пренесуваше дрога во вредност од околу 200.000 евра на патот Прилеп – Битола

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Скопје, на возраст од 31 година, кое е осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 20 октомври, на патот Прилеп-Градско, неовластено пренесувал 45,085 килограми наркотична дрога марихуана помешана со тутун наменета за понатамошна продажба. Дрогата ја набавил во Струга и ја ставил во патни торби, па едната од нив ја ставил на задното седиште, а другите две во багажникот на автомобил Пежо 306. Движејќи се во правец кон Градско со возилото, во близина на бензинска пумпа на излезот од Прилеп, осомничениот бил сопрен и контролиран од страна на полициски службеници. При прегледот на возилото, полициските службеници ги пронашле патните торби со дрога и ги одзеле.

Надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп затоа што во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото или да се обиде да ги прикрие доказите. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи