АББА објавија трета весела песна која била снимена уште во 1978 година


Легендарната АББА ја сподели третата песна од повратничкиот албум „Voyage“ што излегува на 5ти ноември по 40 години пауза. Бјорн за песната вели дека е „апсурдно смешна и се надева ќе не развесели во овие тешки времиња“.

„Just a Notion“ следува по песните „I Still Have Faith In You“ и „Don’t Shut Me Down“.

Оваа песна била снимена уште во септември 1978, но на крајот не влегла на шестиот албум „Voulez-Vous“.

АББА ќе одржи и концерт на 27 мај, 2022 година во АББА Арена, специјализирана сала со висока класа со 3.000 седишта, лоцирана во Олимпискиот парк на Кралицата Елизабета во Лондон.

На сцената ќе свират и пеат холограми на Агнета, Ани-Фрид, Бени и Бјорн од помлади денов), пренесува „Daily Mail“.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи