Концерт на КУД „Моминок“ вечерва во ЦК „Марко Цепенков“


На 22.10. 2021 /петок/ од 19.00 ч. во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ концерт ќе одржи КУД „Моминок“ на кој како гостин ќе настапи ансамблот на Стевче Стојковски. Влезот е слободен, со запазување на протоколите за заштита од ковид 19, пропишани од Владата.

Години наназад КУД „Моминок“, неговите играорци, го даваат својот голем придонес негувајќи го фолклорот и богатото македонско културно наследство. Има настапувано на бројни фестивали во земјата и во странство, а работи под патронат на Центарот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи