1.000.000.000.000 $, Маск на пат да стане првиот трилионер во светот


Светот наскоро би можел да го добие првиот трилионер, односно личност чие лично богатство ќе изнесува трилион долари, предвиде американската инвестициска банка Морган Стенли, пренесува Гардијан.

Тоа ќе биде Илон Маск, кој моментално е најбогатиот човек на светот со проценето богатство од 241 милијарда долари. Маск го престигна Џеф Безос и стана најбогатиот човек на светот во јануари. Индексот на милијардери на Блумберг проценува дека моментално има богатство од 241 милијарда долари, што е за околу 42 милијарди долари повеќе од Безос.

Голем дел од ова Маск и должи на својата компанија Тесла, која произведува електрични автомобили, но најмногу на подемот на Space X во вселенското истражување и вселенскиот туризам.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи