Денеска променливо облачно и посвежо, од утре пониски утрински температури

Facebook
Twitter
Email
Print


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец.

Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 7 °C до 14 °C.

Од Управата за хидрометеоролошки работи за утре најавуваат свежо време со пониски утрински температури, кои во вторник некаде ќе се спуштат некој степен под нулата. Наутро на некои места во котлините ќе има услови за појава на магла.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи