Рамадани: Македонија троши двојно повеќе струја од што се произведува, има недостаток на струја, за октомври ќе треба да и платиме на Европа 15 милиони евра

Facebook
Twitter
Email
Print


Директорот на МЕПСО Куштрим Рамадани во интервју за Телма истакнува дека енергетската криза во Македонија е реалност, односно се троши двојно повеќе од што се произведува.

Рамадани објаснува дека во такви случаи се презема енергија од европската мрежа и досега земјава тоа го направила четири пати без најава и добила четири предупредувања од Центарот во Швајцарија каде што се прават пресметките.

„На 15 минути се следи кој колку отстапува од мрежата, и не е дозволено така да се презема, освен во случај на хаварија. А ние, знаејќи дека немаме хаварија, се знае дека преземаме за потрошувачите, што не е дозволено“, вели Рамадани за Телма.

Според пресметките за ваквите преземања МЕПСО треба да плати досега околу 10 милиони евра. Рамадани вели дека сметката ќе стаса околу 5-ти следниот месеци, и ако продолжи овој тренд до крајот на октомври, можно е таа сума да достигне и 15 милиони евра кои МЕПСО треба да ги плати околу средината на ноември само за еден месец.

„Отстапувањата секојдневно растат. Оваа енергија треба да ја платиме. Ние од преносната тарифа имаме вкупен годишен приход од 30 милиони евра, ова е голем удар врз ликвидноста на МЕПСО, тие средства апсолутно ги немаме на сметка за да ги исплатиме кон Европа“, вели директорот Рамадани, кој додава дека ситуацијата ќе стане полоша во зимските месеци кога ќе се зголеми потрошувачката на струја и ќе треба да се презема уште поголемо количество на енергија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи