Апел за помош за Ани, потребни се средства за лекување

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Да ја покажеме нашата хуманост повторно на дело. Апел за помош на битолчанката Андријана Митревска која по трет пат се бори со рак.

„Ани двапати се избори со болеста на денешницата, но нејзината насмевка исчезна кога 3 пат ја слушна дијагнозата Dg. Ca mammae bill. cum MS ovarii bill; TU retroperitoneii.

Сега и треба ваша помош за да го продолжи нејзиното лекување кое кошта 1000 евра месечно за апчиња кои не се достапни во Македонија и мора да ги порачува од Турција. Бидејќи нејзината борба започна во 2016 година семејството е изложено на големи трошоци како што се операции, патувања Скопје – Битола и поради тоа не се во можност за купување на потребните лекарства. Но тука не завршува нивното патешествие бидејќи и татко и се соочува со истата болест и имаат дупли трошоци.

Ани, нејзините родители, и другарките замолуваат да донирате колку сте во можност донирајте. Да и ја вратиме насмевката на 35 годишната девојка.

Ви благодариме“, стои во апелот од нејзините блиски.

За онлајн донирање, кликнете ОВДЕ.

За донирање на сметка:

Број на сметка: 210-5016743410-08

АНДРИЈАНА МИТРЕВСКА

НЛБ БАНКА

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи