ЕК: Македонија се соочува со загуби на медицински кадар, зголемените плати не ги задржаа лекарите во земјата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Пристапот до лекари специјалисти во јавните здравствени установи е проблематичен, оценува Европската Комисија во извештајот за Македонија.

„И покрај обезбедувањето на зголемени плати со цел да се задржат работниците, здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено специјалисти кои се селат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство. Персоналот продолжува со потребата од специјализирана обука за користење напредна здравствена опрема“, наведува ЕК.

Во однос на рефундирањето на средствата што се плаќаат за здравствени услуги, од Комисијата оценуваат дека пациентите плаќаат приближно една третина од сите здравствени услуги без да бидат рефундирани, со што се зголемуваат социјалните разлики.

Во делот во којшто ЕК се осврнува на пандемијата од ковид-19 се наведува дека во текот на третиот бран беа пополнети 90 проценти од болничките кревети во јавниот здравствен систем. За вакцинацијата, се наведува дека до почетокот на октомври годинава целосно се вакцинирани околу 35 проценти од населението, како и дека националниот план предвидува до крајот на годинава да бидат имунизирани 60 отсто од населението.

„Вакцинацијата започна во февруари 2021 година, а согласно националниот план до крајот на 2021 година 60 % од населението треба да е вакцинирано против коронавирусот. Околу 35 % од населението е целосно вакцинирано до почетокот на октомври 2021 година“, стои во извештајот.

Во делот посветен на болестите, ЕК констатира дека нивото на финансирање за скрининг на рак е недоволно, а податоците од националните и регионалните регистри за рак не се јавно достапни. Националната програма за рано откривање на рак допрва треба да се имплементира.

Во извештајот уште се нагласува дека се потребни соодветни финансии и понатамошна посветеност со цел да се усогласат националните правила со правото на ЕУ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи