Заев: Работиме на создавање највисоки стандарди за владеење на правото

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Владата продолжува цврсто и одлучно да работи на создавање на највисоки стандарди за владеење на правото и за работа на независниот правосуден систем, објави на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев, по повод одбележување на Европскиот ден на правдатa.

„Денеска прогресивните демократии го одбележуваме Европскиот ден на правдата во чест на владеењето на правото, правната држава и независното правосудство, како врвни европски вредности.

Оваа година на Европскиот ден на правдата говориме за уште една силна потврда за напредокот во имплементацијата на реформите и европските стандарди во областите владеење на правото и борбата против организираниот криминал и корупција.

Европската Комисија во својот извештај за прогресот на Македонија нотира храбри и силни чекори за борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и за владеење на правото. Тоа е јак сигнал и знак дека реформите се на добар пат и дека треба да продолжат на истиот пат.

Дополнително, реформите на кои посветено се работи даваат и конкретни резултати:

Реформираниот Судски совет разреши 16 судии поради пропусти во работата;

Во Кривичниот законик се воведуваат нови кривични дела „Демнење“ и „сексуално вознемирување“ како одговор на злоупотребата на интернет каналите за комуникација;;

Судството се дигитализира, се дигитализираат услугите за граѓаните;

Со законски измени значително се зголеми заштитата од напад врз новинарите;

Донесени се дополнителни законски измени за заштита на жените од насилство;

Во континуитет се реконструираат затворите;

Спроведен е #Попис2021.

Денеска, кога го одбележуваме Европскиот ден на правдата имаме само една порака: Владата продолжува цврсто и одлучно да работи на создавање на највисоки стандарди за владеење на правото и за работа на независниот правосуден систем.

Тоа е нашиот избор за храбри чекори на европскиот пат. Единствениот пат кој носи европски стандарди и подобар живот“, напиша Заев.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи