TrashTour: The Movie! – краткометражен документарен филм за ЕКО ТУРНЕЈА Македонија

Пред неколку дена е објавен TrashTour: The Movie!, краткометражен документарен филм кој ги прикажува настаните и одвивањата за време на проектот TrashTour кој се спроведе од 24 до 29 Август низ повеќе градови во Македонија – Кичево, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Струмица и Штип.

За Почиста Македонија е еколошко движење кое се појави во 2020 со цел преку активно дејствување да ги инспирира и мотивира граѓаните да се активираат во решавање на проблемите со несовесно фрлање ѓубре и да ја преземат одговорноста во свои раце. TrashTour е проект кој имаше за цел да го прошири ова движење и надвор од Скопје.

Овој филм има едукативен карактер и има за цел позитивно да влијае врз целокупниот менталитет и апатијата која граѓаните ја имаат према проблемите со ѓубрето, но и да испрати порака дека промени во ова поле се можни доколку граѓаните се активираат кон нивно остварување.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи