Бектеши: Нема потреба од кризна состојба, цената на струјата останува иста до крајот на годината

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во моментот нема потреба да се прогласи кризна состојба во делот на енергетиката, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, нагласувајќи дека до крајот на годината нема да има зголемување на цената на струјата за домаќинствата.

„До Нова година ќе имаме електрична енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи и сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот на годината нема да има покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата. Ние сме подготвени да им помогнеме иа ЕСМ и на МЕПСО ако имаат потреба да купуваат струја на слободниот пазар.

Не сме имале случај да свикаме Комисија за ова досега, но одлучив да свикаме за да ја разгледаме состојбата со енергетската криза. Заедничка одлука беше дека моментално не треба да се прогласи кризна состојба.  Кризна состојба согласно Уредбата која произлегува од Законот за енергетика може да се прогласи по предлог на  Комисијата со која раководи Министерот за економија и потоа Владата одлучува. Ќе има одредени мерки кои ќе произлезат од таму, како што се мерки за јавното осветлување“, рече Бектеши.

Од денес во функција е вториот блок на РЕК Битола и до вечерва ќе работи во полн капацитет. Пратено е писмо до Стопанските комори кои треба да ги информираат трговците со нафтени деривати чии понуди за снабдување со мазут треба да се анализираат во министерството за економија ако во случај треба да се пушти ТЕЦ Неготино во употреба.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи