Споменик на Тоше, но средба со потенцијални инвеститори во Нова Градишка

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски присуствуваше на свечено откривање на споменик на пејачот Тоше Проески во Нова Градишка, Хрватска.

Загинувањето на Проески на патот кон Нова Градишка, Хрватска ја направи оваа општина уште поприврзана кон музичката ѕвезда. Откриен е споменик во негова чест, а соработката меѓу општина Крушево и Нова Градишка се интензивира на полето на промоција и зачувување на ликот и делот на балканската поп икона.

„Денес во паркот на познатите во Нова Градишка, Р.Хрватска заедно со градоначалникот Винко Гргиќ , Амбасадорот во Р.Хрватска г-дин Милаим Фетаи откриено е спомен обележјето на Тодор Тоше Проески. Тоше вечно ќе живее во нашите срца и должни сме да оддаваме почит на овој и многу други начини. Тоше соединуваше народи и тоа е очигледно од оваа постојана комуникација со Нова Градишка. Слава му!“, изјави градоначалникот на општина Крушево.

Посетата на Нова Градишка содржеше и состаноци и средби за проширување на соработката меѓу овие две општини. Договорена е соработка која ќе придонесе за зацврстување на односите меѓу општините.

„Договоривме идна интензивна и конкретна соработка во повеќе области која ќе придонесе до зацврстување на односите помеѓу двете пријателски општини. Во Нова Градишка ја искористивме можноста за разговор со инвеститори кои беа во посета на Нова Градишка, Р.Хрватска, на кои им беа презентирани можности и услови за инвестиции од областите на незагадувачка индустрија во општина Крушево.“, потенцира Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи