Градоначалникот и новите советници во Крушево ги потпишаа решенијата, се очекува успешна работа

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски и новоизбраните советници во Советот на Општина Крушево денес ги потпишаа решенијата за новите функции.

Старо – новиот градоначалник им честита на новоизбраните и им посака успешна работа без ограничувањата кои ги носат партиите.

„Ви честитам на сите и ви посакувам вашата работа да биде запаметена. Сега наш интерес е Крушево и сите сме од една партија. Со среќа!“, порача градоначалникот Христоски.

Советниците меѓусебно си честитаа и се очекува конститутивната седница да се одржи во најбрз можен рок.

Новиот состав на советот на општина Крушево за периодот 2021 – 2025 година е состои од 6 советници од коалицијата предводена од СДСМ, 4 од ВМРО ДПМНЕ и 1 советник од Алијанса за Албанците.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи