15 нови случаи и 1 починат од корона во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3210 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 187, Куманово – 37, Kрива Паланка – 22, Штип – 20, Велес и Кавадарци – 19, Битола – 17, Тетово и Кочани – по 16, Прилеп – 15, Охрид, Струмица и Гевгелија – по 9, Неготино и Ресен – по 7, Берово – 5, Свети Николе – 4, Кичево, Радовиш и Пробиштип – по 3, Струга, Делчево, Валандово, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2, Виница, Пехчево и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 225 оздравени пациент од: Скопје – 158, Куманово – 14, Битола – 8, Велес – 7, Гевгелија – 6, Кочани, Струмица, Свети Николе и Демир Хисар – по 4, Штип и Пробиштип – по 3, Кавадарци, Радовиш и Кичево – по 2, Неготино, Кратово, Виница и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 2 починати лица од Скопје (56г и 46г) и по едно починато лице од Кавадарци (74г), Куманово (88г), Кочани (84г), Струмица (73г), Прилеп (71г) и Тетово (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 3.9.2021 година до 24.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Струмица и по едно починато лице од Скопје, Штип, Кочани, Тетово и Радовиш на возраст од 49 до 78 години, од кои 5 се починати во болнички услови а 3 во домашни услови.

Направени се 3210 тестови преку: ИЈЗ-348, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-56, ЦЈЗ Прилеп-42,

ЦЈЗ Тетово–65, ЦЈЗ Куманово-81, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–156, Жан Митрев (Филип Втори)-72, Авицена-109, Биотек-142, Систина-53, лабораторија Лаор-107, Синлаб-20, Ремедика-17, Плодност–33, Генеа-4, Никоб лаб-314, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-34, Ројал Медика –20, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.411.

Досега во земјата се направени вкупно 1 372 834 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200 856, бројот на оздравени пациенти е 187 374, на починати е 7087, а бројот на активни случаи изнесува 6395.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи