ВИДЕО – Дејан Проданоски нов претседател на Советот – „Верувам дека овој состав ќе биде запишан во историјата како Совет кој донел најдобри одлуки за Прилеп“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денес во големата  сала  на Општина Прилеп беше конституиран новиот Совет. За претседател со мнозинство гласови е избран Дејан Проданоски. За новиот претседател на Советот, Дејан Проданоски претседателската функција е можност да се придонесе во развојот на Општина Прилеп. Проданоски истакна дека превземањето на обврските, односно позицијата претседател на Совет или прв меѓу еднаквите ќе  ја исполнува во целост и дека довербата која им е дадена од граѓаните ќе ја оправдаат со конструктивна работа, сериозни предлози и добри одлуки во интерес на сите граѓани.

„Ветувам дека како претседател на Советот ќе ги запазиме сите законски прописи, ќе работиме согласно Статутот на Општина Прилеп и Деловникот за работа. Седниците на Советот онака како што ветивме во предизборието ќе бидат отворени за сите граѓани и ќе бидат дадени на пошироката јавност за да бидат следени во живо. Тоа ни е предизборно ветување и јас ќе се заложам како претседател на Совет тоа да се случи. Ве поканувам во иднина на секоја седница на Советот, особено претставниците на седмата сила, медиумите, да не следите, да бидете наш коректор во работата. Верувам дека овој советнички состав ќе биде запишан во историјата на нашиот град како еден од најуспешните совети, односно како совети кои донесле најробри и најконструктивни одлуки во интерес на подобрување на квалитетот на живот на сите сограѓани“, истакна претседателот на Совет, Дејан Проданоски.

На првата конститутивна седница беше избран новиот состав на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања. Општинскиот совет го предводи ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата со вкупно 15 советници, 10 се од СДСМ и коалицијата и 2-ца  од Левица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи