ДИК го презеде избирачкиот материјал за вториот круг на локалните избори в недела

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Државната изборна комисија утрово од печатницата „Киро Дандаро” во Битола го презеде доверливиот избирачки материјал што ќе биде користен во вториот круг од Локалните избори.

Државната изборна комисија за вториот круг ангажира над 400 лица за техничка поддршка на избирачките места и надминување на проблеми од употребата на апаратите за отпечаток од прст, изјави Александар Даштевски, претседател на ДИК.

„Лично сметам дека вториот круг ќе се реализира во најдобар ред и побрзо. Намалената динамика на избирачкиот процес на одредени избирачки места во првиот круг, предизвикана од новата технологија и употребата на фингерпринт во вториот круг ќе биде подобрена за што ДИК спроведе дополнителна обука. Но, ние за вториот круг ангажиравме над 400 лица кои ќе ги има на гласачките места и ќе бидат задолжени за техничка поддршка и помош со цел да нема пречки во процесот на гласање. Првото искуство ни овозможи во вториот круг да влеземе по подготвени, а и избирачкиот материјал е помал“, изјави Даштевски.

Во печатницата АД „Киро Дандаро”-Битола за седум денови овој пат се испечатени 1,6 милиони ливчиња од доверливиот избирачки материјал кој во текот на денот ќе го преземат општинските изборни комисии во општините каде в недела ќе има гласање.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи