Нокиа 6310 се враќа во игра, познатиот „Цигла телефон“ повторно во продажба

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


HMD Global, домот на телефоните на Нокиа, ја објави достапноста на добро познатиот телефон Нокиа 6310.

Оригиналниот 6310 стана икона и е познат како „цигла или телефон од тули“ поради неговата издржливост и долгото траење на батеријата. Тие две функции се важен дел и од новиот редизајн, заедно со другите класици како безжичното FM радио и играта Змија (Snake).

Новиот 6310 има слична форма на оригиналот, но е малку поголем, со заоблен екран со подобрена читливост и пристапност.

Новиот 6310 ќе има и Bluetooth поврзување, 3,5 милиметарски приклучок за слушалки, 8 MБ внатрешна меморија, 16 МБ РАМ  и  ќе поддржува микро СД картички со големина до 32 ГБ за оние кои сакаат да го користат како МП3 плеер или да складираат документи и фотографии.

Камерата на задната страна е само 0,3 MP.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи