Ова се луѓето кои ја пишуваат успешната приказна која се вика ИО „Феникс“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Мисијата на Извидничкиот одред „Феникс“ е придонес во образованието на младите луѓе низ систем на вредности заснован врз извидничките завети и закони, помош во изградба на подобар свет каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството.

„Ние како организација сметаме дека транспарентноста е клучна алка во нашата работа. Затоа ви ги претставуваме луѓето кои стојат зад „Феникс“.

Проследете ги нивните извиднички кариери, како и улогата која ја имаат во нашиот одред. Запознајте го водичот кој се крие зад секој извиднички настан организиран на одредско или сојузно ниво.

Воедно, би сакале да ги охрабриме сите други водачи од цела Македонија и пошироко да не бидат толку скромни и да се кријат зад завесите, туку да се претстват пред родителите и јавноста, бидејќи би било штета доколку нивниот придонес, за извидништвото и човештвото воопшто, остане незабележан!

Извиднички поздрав, ЗДРАВО!,

ИО „ФЕНИКС“ Прилеп


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи