ВИДЕО – Колобаиса – импозантна античка населба на 1.400 мнв, чија конзервација ќе привлече бројни туристи на Трескавец

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


И годинава продолжија археолошките истражувања на античката населба Колобаиса лоцирана на просторот околу сегашниот манастир Трескавец. Сознанијата укажуваат на тоа дека на надморска висина помеѓу 1.250 и 1.400 метри егзистирала импозантна населба од 1 до 7 век од наша ера, развивајќи се во две фази и тоа првата од 1 век до средина на 4 век и од последните децении на 4 до првите децении на 7 век.

„Станува збор за пространа населба наспроти сите досегашни тврдења дека целата населба била редуцирана на храмовите на Аполон и Артемида, стануба збор за една многу сериозно структуирана населба според сите римски стандарди. И она што е од особено значење и е надвор од сите досегашни класични познавања, имаме многу сериозни градбени интервенции во духот на римската класична архитектура, особено повторувам се работи за простор кој бара исклучителен ангажман за изградба на вакви репрезентативни градби“, истакна Бранислав Ристески, директор на Институтот за старо словенска култура во Прилеп.

Во првата фаза централно место заземале храмовите посветени на Аполон и Артемида.

„Локацијата на тие два храма се уште не ни е позната, за едниот имаме сериозни индиции, а другиот бил лоциран на едно од платоата“, рече Дејан Кебакоски, асистент истражувач во Институтот за старо словенска култура во Прилеп.

Во втората фаза се три дефанзивни кули позиционирани на најистакнатите позиции на карпите. И форум со ранохристијанска базилика на местото од сегашниот манастир, каде врз остатоците на форумот е изграден сегашниот манастир во средина на 12 век. Оваа населба се поврзува и со целиот комплекс Маркови Кули.

„Населбата Колобаиса, претпоставената населба Керамија на ридот Маркови Кули и населбата Баба. Значи имаме 3 населби, различни, кои егзистираат истовремено и меѓусебно се комуникациски поврзани и функционално расчленети. Да не зборувам за нивната понатамошна историја. Имаме еден исклучителен простор кој што за жал се уште не е соодветно валоризиран од пошироката општествена заедница иако имаме 7 споменици на културата на еден релативно мал простор, ако е тоа некоја почетна индиција за значењето на овој простор, за поширокиот Балкански контекст зборувам“, додаде Ристески.

За поголема туристичка презентација се очекува конзервација и обнова на целиот комплекс.

Археологијата би била бесмислена доколку нејзините придобивки не ги искористиме во денешно време да ја валоризираме целата приказна околу градот Колобаиса, пред христијанскиот период и сите тие пагански божестваи и да го ставиме во една туристичка вредност да се возобнови можеби во иднина целата таа влезна партија во градот и посетителите на Трескавец всушност влегувајќи во манастирот да имаат една прошетка низ времето така што влегуваат низ еден антички град, од тој антички град влегуваат во христијанството и во манастирот“, изјави отец Калист, монахот кој живее на Трескавец.

Доколку се реализираат овие идеи целиот простор ќе биде организиран како едно мистично патување низ времето преку раскажување на милениумската приказна на ова место.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи