ВИДЕО – Еко акција за чистење на Крапскиот понор после репортажата на Инфо Компас за големото загадување на ова место


Репортажата на Инфо Компас за потенцијално најголемиот пештерски систем во Македонија Пешна-Крапа и за комплетната затрупаност на крапскиот понор со огромни количини на ѓубре беше иницијална каписла за слелео нуркачкиот клуб од Скопје „Врело-Матка“, а со поддршка на Спелеолошката федерација на Македонија, да изврши чистење на овој дел од пештерата каде понира Крапска река. Каналите беа буквално блокирани од стотици килограми, пластични шишиња и друг вид на смет кои жителите на селото Крапа го фрлаат во реката, а после таа го носи во овој понор. Ова е доказ комплетната негрижа на човекот за животната средина, бидејќи освен нашата околина започнавме да го загадување и подземниот свет. Инаку ова е прва ваква еко акција во Македонија која се изведува за чистење на пештера.

„Завршивме една многу успешна еко акција која што и за прв пат се спроведува во Македонија по иницијатива на слелео нуркачкиот клуб од Скопје „Врело-Матка“. Каде што потенцираа да направиме една несекојдневна еко акција, да се започне со чистење на ѓубрето кое што понира во Крапска река, односно во пештерата понорот на Крапа 2. Успешно ја завршивме акцијата се извадија околу 70 до 80  вреќи со ѓубре и секако тука ќе продолжиме ние. Мораме да кажеме дека Федерацијата ги поддржува сите клубови кои што започнуваат на било каков начин да покреваат иницијативи за заштита на животната средина и чување на природните богатства“, истакна Дарко Неданоски, претседател на Спелеолошка Федерација на Македонија.

Но и покрај оваа акција за жал Крапскиот понор не е комплетно исчистен и делови од него и понатаму останаа затрупани со ѓубре, така што за негово комлетно чистење ќе бидат потребни и други вакви акции.

„За жал останаа уште некои канали кои не се исчитија, но се надевам дека ќе продолжиме повторно во уште поголем број и дека мораме да дадеме еден апел до сите сограѓани и жителите во околината на понорот на Крапа бидејќи тоа ѓубре е свесно внатре фрлено. Нешто е внесено со самата река која наносува, но поголемиот дел е свесно. Бидејќи граѓаните тоа ѓубре да го отстраната од своите домови го фрлаат во реката, но за жал таа река понира и излегува во извор. И таа вода која извира потоа одредени луѓе ја користат истата“, додаде Неданоски.

Претседателот на Спелеолошката федерација на Македонија, Дарко Неданоски, истакна дека ваквите еко акции за чистење на нашите пештери ќе продолжат и во иднина, а исто така ќе се работи и на подигнување на свеста кај сите граѓани да не се загадува нашата животна средина.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи