На 3 ноември ќе биде отворена изложбата Ликовна колонија Дрен 2021

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На трети ноември 2021, среда од 12.00 ч., а по повод Денот на градот, во Ликовната галерија на Центарот ќе биде отворена изложбата на дела создадени на годинашната Ликовна колонија Дрен 2021.

Ќе бидат изложени над 20 дела создадени од сликарите Мирослав Живковиќ  и Снежана Малетин од Србија, нашите уметници Мирјана Крстева Масети,  Александра Петкова – Џианели, Буба М. Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Тони Чатлески,  Стефан Малбашиќ и скулпторiите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски.

Досега на колонијата, во изминатите 13 години, се создадени околу 350 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата. Ликовната колонија се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи