Рурална Коалиција го одбележа Меѓународниот ден на жените од руралните средини – До каде е родово-одговорното буџетирање во секторот земјоделство и рурален развој?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Кога ги дискутираме родовите прашања, мора да имаме предвид дека буџетот е важен показател за степенот до кој Владата ја интегрира родовата перспектива. При креирање и усогласување на аграрните политики на нашата земја не треба да се изостави и родовото одговорно буџетирање (РОБ), кое претставува алатката за вклучување на родот во буџетските системи, буџетските процеси и буџетските резултати. Но дали истата е препознаена како таква и од страна на институциите и од страна на жените од руралните средини?

Она што Рурална коалиција го доби како резултат од спроведеното истражување за примената на РОБ во секторот земјоделство и рурален развој е дека познавањето на оваа тема кај жените од руралните средини е речиси минимално, односно целосно се непознати поимите родово-одговорно буџетирање, родов индекс, препознавање на родовата еднаквост како основно човеково право.

Тоа може и практично да се илустира со ИПАРД програмата што всушност беше и во фокусот на истражувањето кое што го спроведе Рурална Коалиција. Согласно добиените целосни резултати од првите 2 повика од ИПАРД 2 програмата, каде од вкупно 1.047 исплати, само 227 одат кај земјоделки. Доколку се земат предвид и двата повика, вкупното учество на жените од руралните средини во инвестициите во мерка 1 од ИПАРД 2 програмата изнесува 17% , што сé уште е низок процент на искористеност на средствата од ИПАРД програмата од страна на жените, дотолку повеќе што станува збор за втората 6 годишна програма на ИПАРД.

 

За разлика од ИПАРД, во Програмата за рурален развој се воведе нова мерка која се однесува на поддршка на активен женски член во земјоделско домаќинство. Мерката 115 која се воведе во 2019 година има за цел подобрување на целокупните резултати од работењето на земјоделското стопанство, но и достигнување повисоки стандарди за квалитет и конкурентност на земjоделското прооизводство преку директна поддршка и подобрување на економската состоjба на жената од руралните средини. Вкупно 250 жени од 403 апликантки, се првите кориснички на 180.000 денари неповратен грант во рамките на оваа програма, кои што средства се сеуште недоволни за некоја посериозна инвестиција. Иако новововедената мерка 115, конкретно се однесува за поддршка на жените, сепак кај голем процент од нив не сé уште не е позната. Тоа го потврдува и фактот што само 19% од испитаничките аплицирале за оваа мерка. Причина за тоа е и малиот процент на жени кои имаат сопствен имот.Имено, 67% од испитаниците сметаат дека процесот на апликација на мерката е сложен и комплициран.

За да може да се делува кон подобрување на родовиот баланс во секторот земјоделство и рурален развој, неминовни се голем број на мерки кои би довеле до суштински промени како што се неформалната едукација, мотивација и еманципација кај жените од руралните средини, подигнување на степенот на информираност и достапност на информациите, да се зголеми примената на концептот на родово-одговорно буџетирање по хоризонтална основа при програмирањето на мерките и друго за што Рурална коалиција им апредвидено точни буџетски пресметки во вкумен износ од 4,716,625,200 МКД, а чие спроведување ќе доведе до зголемен број на пријави од земјоделки за искористување на државната помош за околу 20%.

Целиот извештај, како и конкретните родово-одговорни предлог буџетски мерки, можете да го најдете на страницата  https://rural.mk/publikacii/  .

Преку онлајн презентацијата на добиените резултати од извештајор, како и истакнувањето на предлог мерките за унапредување на економското јакнење на жените од руралните средини, Рурална Коалиција го одбележа Меѓународниот ден на жените од руралните средини, 15-ти октомври кој што оваа година се одбележа со пораката: Жените од руралните средини произведуваат сигурна и безбедна храна за сите НАС!, со што уште еднаш се потенцира клучната улога на жената во семејното земјоделско стопанство при производството на храна.

Автор: Рурална Коалиција.

 

Истражувањето е изработено во рамките на проектот „Родово одговорно буџетирање во секторот земјоделство и рурален развој“ финансиран од Центарот за истражување и креирање на политики (ЦРПМ), а овозможен со финансиска помош од Австриската агенција за развој (АDA) и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи