Европски ден за територијална соработка


Под слоганот „Past, Tradition, Future – The way we interact!” на 21.10.2021 во Корча, Албанија се оддржа настан за одбележување на Европскиот ден за територијална соработка. Покрај фолклорнитетанци, ракотворби и штандови со традиционална храна, свое место за промоција имаа и петте проекти од вториот повик на ИПА II програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, финансирана од Европската Унија.

Меѓу проектите кои беа презентирани на овој настан беше и проектот „Превенција од поплави за заштита на животната средина“ кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп во партнерство со Општина Могила,Организација за управување со дестинации од Корча и Општина Малиќ. Проектниот тим имаше можност да ги презентира активностите и резултатите од проектот пред гостите од двете земји, случајните минувачи, градоначалникот на Корча и делегацијата на Европската унија од двете земји.

После настанот во центарот на Корча, Н.Е. Луиџи Сорека – шеф на Делегацијата на Европската Унија во Албанија и Н.Е. Дејвид Гир – шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Сокол Деѓа – генерален директор на Министерството за Европа и надворешни работи во Република Албанија, Зоран Димитровски – заменик министер на Министерството за локална самоуправа во Република Северна Македонија и Сотирак Фило – градоначалникот на Корча, имаа средба со тимот на ЦГИ и ДМО. На оваа средба беа презентирани резултати од тековниот проект „Превенција од поплави за заштита на животната средина“  како и резултатите од проектот „Иновативни практики за заштита на животната средина фаза II“ којпретходно го реализираа двете организации.

Успешната реализација на проектите на ЦГИ и ДМО е само потврда за успешна прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија.

Автор: Центар за граѓанска иницијатива Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи