ВИДЕО – 16 медицински лица во прилепската болница над 9 месеци оставени без плати и договори за работа

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


16 медицински лица во прилепската болница, сестри, болничари и болничарки, распределни во скоро сите одделенија, повеќе од 9 месеци се оставени без плата и без никаков договор. Тие биле повикани од страна на државата како помош за ковид пандемијата и им било ветено вработување бидејќи прилепската болница и онака кубури со кадар. Но од сите ветувања до денес не се реализирало ништо. Дел од нив денеска револтирано излегоа на мирен протест пред болницата со обвинувања дека државата се прави слепа за сите нивни барања, а тие биле и се уште се тука кога му се најмногу потребни на здравствениот систем.

„Секојдневно изложени на ризик од зараза со вирусот, без здравствено осигурување, каде што во моментов токму една од нас е позитивна. Сестрите пуштени на транспорт, што е кривично дело, без никој да се запраша дека нашата лиценца за работа може да биде одземена. Сакаме да се обратиме до министерот за здравство Венко Филипче и да го прашаме дали е запознаен со нашиот случај. Како што одговара нашата директорка Кети Смилеска, се зависи од Вас министре. Бидејќи не можеме да најдеме никаков контакт со Вас приморани сме вака медиумски“, истакна Симона Петреска, медицинска сестра.

Овие медицински лица денеска обвинија дека се прави поделба помеѓу затоа што дел од нив за оцвој временски период добиле решенија за работа, а другите од непознати причини засега се со комплетно нерешен статус.

„Ве замолуваме да ни одговорите на нашата деградација, зошто има поделба, бидејќи кај дел од персоналот дадовте договори, а за дел не. Зарем не се запрашавте доколку истото се слушеше со прилепската модуларна болница, како што се случи со тетовската, кој ќе одговараше за нашите животи и како ќе бевме пријавени? Дали како хоспитализирани пациенти? И не сме повикани како волонтери, туку повикани за работа, се извинуваме јавно доколку некој се најде навреден од нашата изјава, иако сме свесни дека од овој момент ќе бидеме избркани од работа“, додаде Петреска.

Од прилепската болница не сакаа да дата изјава во камера, но само истакнаа дека проблемот бил во тоа што се споиле Здравствениот дом во Прилеп и болницата во една Установа и се уште новата систематизација не била одобрена од надлежните министерства, очекуваа набрзо надминување на проблемот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи