Османи: На земјата не и се потребни предвремени избори

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи за емисијата „Реална приказна“ на Њуз 24 го презентираше ставот на ДУИ за последните предизвици по завршувањето на локалните избори во Северна Македонија.

Османи говореше за одржаните локални избори, при што потсети дека ДУИ на своето конто, како што рече, има 10 општини и зголемување од 20 отсто на гласачкото тело, споредено со претходните избори.

„Забележавме зголемување на поддршката. Да имаше парламентарни избори ќе имавме 18 пратеници. ДУИ повторно беше потврдена како најважна и најголема партија меѓу Албанците. Од друга страна, имаше нестабилни коалиции, ВМРО-Алијанса, привремени, моментни, кои имаа за цел да ја победат ДУИ, но граѓаните јасно се определија за ДУИ“, рече Османи.

Османи истакна дека на државата не и требаат предвремени избори, бидејќи земјата ќе влезе во политичка криза, ветувајќи дека ДУИ и тој како прв министер Албанец за надворешни работи, ќе продолжат да го одржуваат евроатланскиот курс, кој е од витално значење не само за земјата, туку и за регионот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи